Македонија
Собранието ќе ја продолжи работата по 67-та пленарна седница
03.09.2025 08:17
Членовите на законодавниот дом ќе треба да гласаат за Предлог-измените на Законот за исплата на плати, Законот за решавање банки и Законот за финансиски инструменти.

Пратениците денес се очекува да ја продолжат својата работа на 67-та собраниска седница, на чиј распоред на дискусија остануваат уште четири законски предлози кои не се разгледани.
Членовите на законодавниот дом ќе треба да гласаат за Предлог-измените на Законот за исплата на плати, Законот за решавање банки и Законот за финансиски инструменти.
Исто така, на агендата на седницата е и Предлог-законот за средно полициско училиште, се вели во извештајот.
