Клое Мал ја наследува Ана Винтур на чело на „Вог“
Мал, која е дел од „Вог“ од 2011 година, во последните две години го водеше Vogue.com, каде што ја удвои читаноста и го зголеми влијанието на дигиталните платформи. Таа е и ко-водителка на модниот подкаст The Run-Through.

По 37 години на чело на американскиот „Вог“, легендарната Ана Винтур ја предаде уредничката палка на 39-годишната Клое Мал, ќерка на актерката Кендис Берген и режисерот Луис Мал.
Мал, која е дел од „Вог“ од 2011 година, во последните две години го водеше Vogue.com, каде што ја удвои читаноста и го зголеми влијанието на дигиталните платформи. Таа е и ко-водителка на модниот подкаст The Run-Through.
Со назначувањето, Винтур не заминува целосно – останува глобален уреднички директор на „Вог“ и главен директор за содржини во Condé Nast, но ќе ѝ даде простор на Мал да ја обликува иднината на американското издание.
„Ја поминав мојата кариера во Vogue, од печат до дигитални медиуми. Сега сум возбудена што ќе имам можност да го обликувам самиот бренд“, изјави Мал.
Назначувањето ја означува почетокот на нова ера за „Вог“, списание што Винтур го претвори во глобална модна библија и културен феномен.
