Евробаскет 2025

Дончиќ ја однесе Словенија во осминафиналето

03.09.2025 08:58

Тој во дуелот со Исланд постигна 26 поени во триумфот на Словенија со 87:79.

Најдобриот кошаркар на Словенија Лука Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до нова победа на Европското првенство. Тој во дуелот со Исланд постигна 26 поени во триумфот на Словенија со 87:79.

Ова за словенечката репрезентација беше втора победа, која им овозможи пласман во осминафиналето. Во првиот дуел од 4. коло од Д групата Израел ја победи Белгија со 92:89.

Во групата Ц во Лимасол, ко-домаќинот Кипар претрпе уште еден убедлив пораз. Грузија славеше победа со 93:61. Во првиот дуел од групата БиХ ја совлада Грција со 80:77.