Европа молчи за растечкиот неонацизам

23.08.2014 18:39

Лекцијата од минатото пребргу е заборовена, неонацизмот рапидно се зголемува и тоа побргу од она што можеше да се очекува. Загрижува, што Европа сеуште не го препознава проблемот - ова едел од анализата на амеркинскиот РНН телевизиски канал.

Акцентот во емисијата е ставен на состојбите во Грција, Унгарија и Латвија, што не значи дека препознатливиот нацистички симбол свастика нема приврзаници и во некои другите европски држави.

„Нацизмот се појавува во повеќе европски земји. Економските услови на многу начини се слични на оние во Европа во триесеттите и не смее да дозволиме  Нацистите да добијат моќ било каде, ниту пак да имаат влијание врз владите“, рече Џералд Хадлер, конресмен.

Професорот Томас Барат на универзитетот во Будимпешта говорејќи за сериозноста на проблемот во Унгарија го посочува како  пример одбележувањето  на  роденденот на творецот на нацизмот Хитлер.

„Во Германија е забрането да се одбележува роденденот на Хитлер, но во Унгарија не само што не е забрането туку е дозволено и тоа случува на неколку метри од  прозорецот на претседателот на државата“, вели Томас Барет, универзитетски професрот во Будимпешта.

Неонацизмот во Грција во американската анализа се поврзува со формирањето и дејствувавњето на ултраницистичката партија Златна Зора.

Златна Зора станува се поопасна, поагресивна и популарна. Златна Зора не е екстремно десна партија, таа е неонацистичка со насилни милитантни членови, кои се одговорни за напади врз имигринтите. Златна Зора сериозно ја превзема улогата таа да ја спроведува правдата на улиците и тоа го прави со поддршка на  полицијата. Впрочем 50% од полицијата гласа за нив. Накусо - секој кој не е Грк, белец христијанин  и  хетеросексуалец, во Грција е во опасност.

„Мислам дека  Грција е расистичка држава и тоа уште пред да почне економската криза и како држава е нетолерантна. Но во текот на кризата, бројот на овие луѓе се зголемува и тие се чувствуваат побезбедни и и посигурни во ставовите што ги изнесуваат во јавноста. Тие сакаат да ја исчиститат Грција од негрчкото население. Тие се многу експлицитни во тоа“, вели Елиса Гарова од Хелсиншки комитет.

Според анализата на американскиот тв канал потребно е многу побудно следење на работите од страна на Европа, но таа остана да молчи и по најновиот пример  на говорот на омраза скандиран на заедничката Грчко-Кипарска воена вежба.

Македонската дипломатија упати протесна нота до грчкиот амбасадор во Македонија. Од официјална Атина засега молк но молчи и Брисел иако ваквата реторика  е далеку од европските вредности како што се демократија и градење на добри меѓудржавни односи.

Виолета Димовска