Свет
Нов земјотрес во Авганистан, расте бројот на жртви
03.09.2025 14:45
Земјотресот предизвика паника меѓу населението, а регистрирани се одрони по по што дополнително беше запрен сообраќајот на патиштата.

Нов земјотрес од 5,5 степени по Рихтер го погоди југоисточен Авганистан, два дена откако во потрес од 6 степени во истиот регион загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а илјадници беа повредени.
Земјотресот предизвика паника меѓу населението, а регистрирани се одрони по по што дополнително беше запрен сообраќајот на патиштата.
Тешко пристапниот терен ги попречува спасувачките екипи да стигнат до изолираните села во планинскиот регион.
