Газа

Израел го ликвидира водачот на милитантната група Муџахедински бригади

03.09.2025 11:37

Во енклавата продолжуваат нападите, расте црниот биланс.

Израелските одбранбени сили го ликвидираа водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа, за време на операциите во регионот изминатата недела. Во енклавата продолжуваат нападите, расте црниот биланс.

Израел е во одлучувачка фаза во војната со Хамас, истакна премиерот Нетанјаху во обраќање до војниците и резервистите.

Земјата мобилизираше десетици илјади резервисти во екот на проширената офанзива.

Израелскиот премиер исто така соопшти дека копнените и воздушните сили напредуваат на повеќе цели во северна и централна Газа.