Македонија

До 30-ти септември продолжена забраната за движење во шумите и шумското земјиште

03.09.2025 18:54

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор...

Забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември – соопштува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем, велат од министерството. 

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите следува глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.