Реакции по наводите за незаконско прислушување

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор над АНБ и АР

03.09.2025 13:14

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор над Агенцијата за национална безбедност и над Агенцијата за разузнавање, СДСМ, пак, бара декласификација на документите за случајот со Агенцијата за национална безбедност…

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор над АНБ и АР, за да се разгледаат сомнежите за незаконско постапување во Агенцијата. Неизвесно кој ќе ја свика.

СДСМ побара декласификација на сите документи за како што велат, јавноста да ја дознае вистината.

Миле Ристески известува за последните реакции на власта и опозицијата за наводите за незаконско прислушување.