ВМРО-ДПМНЕ бара комисиска расправа за АНБ, СДСМ декласификација на документите
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор на АНБ за да се разгледаат сомнежите за незаконско постапување во агенцијата. Неизвесно кој ќе ја свика. СДСМ побара декласификација на сите документи за како што велат, јавноста да ја дознае вистината...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор на работата на тајните служби и директен увид во нивната работа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пренџов, посочи дека наводите за незаконско следење на комуникациите предизвикале вознемиреност во јавноста и ја поткопувале демократијата и довербата во институциите.
Од друга страна, пак, претседателот на собраниската Комисија, Реџепи, потврди дека тој не може да ја свика седницата бидејќи немал безбедносен сертификат и дека седница може да закаже собранискиот спикер Гаши.
Социјалдемократите бараат итна декласификација на документите. Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а ексдиректорот на АНБ го демантира и вели друго, дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица – велат од Бихаќка.
Поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил цел на следење и прислушување додека тој раководел со службата. Од актуелниот директор, Христовски побара декласификација.
Миле А. Ристески
