Венецијанската комисија во Скопје за мислење за Законот за правична застапеност
Нацрт-законот го доставивме до Комисијата за да се усогласи со Уставот и европските стандарди, без простор за идни толкувања и спорови, изјави Фетаи.
Претставници на Венецијанската комисија се во Скопје по покана на Владата за подготовка на мислење за Законот за правична и соодветна застапеност. Делегацијата денеска одржа средба со владиниот тим, информираше вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.
Нацрт-законот го доставивме до Комисијата за да се усогласи со Уставот и европските стандарди, без простор за идни толкувања и спорови, изјави Фетаи.
Тој објасни дека Владата поставила четири клучни прашања до Комисијата: дали законот го унапредува уставниот принцип на правична застапеност по укинувањето на балансерот, дали ја промовира еднаквоста преку позитивни мерки, дали е усогласен со другите уставни права и дали новото координативно тело ќе биде ефикасен механизам за следење на примената.
Фетаи нагласи дека ова е првпат правичната застапеност да стане јасна законска обврска и на централно и на локално ниво. По добивањето на мислењето на Венецијанската комисија, законот ќе оди во Собрание.
Мислењето на Венецијанската комисија се очекува на почетокот на декември.
