Таткото на Васил Јованов не признава вина, тензична атмосфера на рочиштето
Продолжи судењето за таткото на Васил Јованов, кој на пешачки на партизанска ја усмрти Фросина Кулакова. Зоран Јованов се гони за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства …

„Не се чувствувам виновен и не разбирам што ми се става на товар“. Со овие зборови Зоран Јованов, татко на Васил отфрли секаква вина за делото кое обвинителството му го става на товар, загрозување на безбедноста во сообраќајот со опасно средства или дејствие.
Обвинителството тврди оти преку доказната постапка ќе докаже дека Јованов е виновен бидејќи иако не бил непосреден учесник во сообраќајот, сепак придонел неговиот син да генерира опасна состојба.
„Во ова судење ќе се увиди дека во случајот станува збор за ноторен факт дека татковата љубов кон синот единец била голема, но резултирала со несреќна попустливост кон синот кој се оддал на пороци. Самиот обвинет е наш сограѓанин кој не доаѓал претходно во судир со законот и е офицер за пример во армијата“, велат од Обвинителството.
Не може родителот да одговара за постапките кои ги сторил полнолетниот син, реагираше адвокатот Дуковски кој неколку пати влезе во расправија со обвинителот. Тврди оти неговиот клиент никогаш му го нема дадено возило на синот, туку тој го крадел. Васил ќе сведочи на наредните рочишта.
Првото судење помина во тензична атмосфера. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков беше отстранет од судницата. Реагираше зошто истата судијка ги суди предметите на синот и таткото.
Обвинителството го измени обвинителниот предлог врз основа на нови докази. За ова кривично дело максималната казна е една година затвор.
Викторија Милевска
