Здравство

Онколошките пациенти бараат казни за доцнење на терапијата

03.09.2025 15:54

Треба да има казни за ненавремено распишување на тендери, велат од ХЕМА ОНКО. Бараат се најде механизам терапијата за пациентите со канцер да стигнува навреме. Лекарите загрижени, границата на пациенти со канцер се намалува...

Треба да има казни за ненавремено распишување на тендери и доставување терапија, не можеме да прифатиме дека поради технички и административни причини терапијата не стигнува на време, велат пациентите со канцер.

Освен на тендерите на коишто не се јавуваат понудувачи, преостанатата терапија ја има.

Но останува горливиот проблем со многу пациенти и малку лекари.

А за жал бројот на пациенти со канцер расте. Здравствените работници и пациентите фокусот го ставија врз меланомот.

Раната дијагностика е битна, но и брзото добивање на резултатите. Проблемот со реагенси е надминат на Патологија, но останува друг предизвик.

Здравствените работници се загрижени што границата на пациенти со канцер се намалува, оние со меланом се на 20-годишна возраст.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски