авиосообраќај

„Визер“ воведува пет нови авиолинии

03.09.2025 16:06

„Визер“ со нови пет нови авиолинии. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта, од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано. Новите летови дополнително ќе го зголемат бројот на туристи во земјава, велат од Владата...

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.

Поради новите авиолинии, „Визер“ додава шести авион во својата база во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со современи авиони „Ербас“ до крајот на годинава.

Од Владата велат дека покрај овие линии кои ќе стартуваат в година, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.

Со воведувањето на новите летови дополнително ќе се развие туризмот во Македонија, зашто земјава ќе ја посетат повеќе гости од странство.

Во првата половина од годинава од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е раст за 5% од скопскиот аеродром и 11% на охридскиот аеродром.

Борис Грујоски