Кривичен суд

Штекли на обвинителна клупа за трговија со дрога, вештакот на одбраната тврдеше дека е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата

03.09.2025 16:24

Одбраната на Трајковски вели дека тој не е во состојба да ја следи постапката, додека пак обвинителството тврди дека е способен да учествува во судењето...

Раде Трајковски Штекли има психотични епизоди со шизофрени елементи, тврди сведокот на одбраната, вештото лице Ѓорѓија Хаџи Ангелковски. На денешното рочиште од судењето за организирана продажба на дрога, Ангелковски сведочеше дека Трајковски верува во замислени работи, како на пример, во постоењето на фиктивен учител, кој му кажува што да прави.

Обвинетиот е студен, емотивно неангажиран, параноиден и раздразлив, сведочеше Ангелковски. Додаде и дека во периодот кога Трајковски бил на слобода, во својот дом поставил камери, бидејќи бил следен.

Одбраната на Трајковски вели дека тој не е во состојба да ја следи постапката, додека пак обвинителството тврди дека е способен да учествува во судењето.