Поп Ацев втор, Стефановски осми
Брајан Рикеман од Белгија победи на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон со време 5,41,47. Нашиот Евгениј Поп Ацев го освои второто место со заостанување од 42 стотинки, а трет беше Французинот Жан Еден. Томи Стефановски долго беше во водечката група, но како последица на напорната сезона, не успеа да го издржи темпото и на крајот го освои осмото место со што го препушти првото место во Гран при конкуренцијата во маратонското пливање сезонава. Во пресрет на последната трка во Неапол Капри, Еден е прв со 50 бода, еден повеќе од Стефановски.

Брајан Рикеман од Белгија победи на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон со време 5,41,47. Нашиот Евгениј Поп Ацев го освои второто место со заостанување од 42 стотинки, а трет беше Французинот Жан Еден. Томи Стефановски долго беше во водечката група, но како последица на напорната сезона, не успеа да го издржи темпото и на крајот го освои осмото место со што го препушти првото место во Гран при конкуренцијата во маратонското пливање сезонава. Во пресрет на последната трка во Неапол Капри, Еден е прв со 50 бода, еден повеќе од Стефановски. Поп Ацев, кој денеска го оствари најдобриот пласман на маратонот во Охрид, се наоѓа на петтата позицја со 42 бода, осум негатива во однос на Едел.
Во женска конкуренција, најдобра беше Силвија Рибарова од Чешка, пред Пилар Геико од Аргентина и Ана Манкиевич од Русија. На годишаниот охридски пливачки маратон настапија 22-ца натпреваривачи од 16 земји.
