Временска прогноза
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи
04.09.2025 08:14
Локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
