Министерство за правда

Нов оглас за судија во судот во Стразбур

04.09.2025 08:25

Членовите на новата комисија треба да работат експресно, за да се стигне јануарската сесија на Советот на Европа, кога треба да се избере нашиот судија.

Министерството за правда го објави огласот за тројца кандидати за судија во судот во Стразбур. Овој пат рокот за пријавување ќе биде 30, наместо 15 дена.

Членовите на новата комисија треба да работат експресно, за да се стигне јануарската сесија на Советот на Европа, кога треба да се избере нашиот судија.

Новина во изборот е што за познавање на двата официјални јазика во Советот, ќе се бара меѓународен сертификат, а за утврдување висок морален углед има дополнителен критериум, потврда дека за кандидатот нема изречено правосилна пресуда и дека не се води кривична постапка.

Владата ја поништи претходната листа на која беа судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски.