Две нерешени во Скопје
Фудбалерите на Металург пропуштија шанса да го преземат врвот по дербито со шкендија во четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига. И другиот натпревар од саботната програма заврши нерешено. Работнички не успеа да се израдува на втората победа по ред во шампионатот.

Во Ѓорче Петров, Металург и Шкендија одиграа 1-1. Радески во 28-та минута погоди за скопскиот тим, а израмни Вручина на седум минути до паузата. На арената „Филип втори“ стрелците одмораа, Работнички – Силекс 0-0. Утрешните двојки од најквалитетното фудбалско друштво се Тетекс – Вардар, Ренова – Пелистер и Турново – Брегалница.
Вардар остана прв и на некомплетната табела. Има девет бода, еден повеќе од Металург и од Силекс. Шкендија досега освои седум, а Ренова и Работнички по четири. Зад нив се Брегалница, Пелистер, Тетекс и Турново.