Израел

Жестоки судири пред резиденцијата на Нетанјаху

04.09.2025 08:49

Поради пожар евакуирани жители од околните згради...

Жестоки судири на протестите во Ерусалим пред резиденцијата на премиерот Нетанјаху. Поради пожар евакуирани жители од околните згради. Полицијата употреби водени топови и уапси неколку лица.

„Само ти Нетанјаху можеш да одлучиш да ги вратиш утре, тоа е во твои раце. Но, ти избираш тие да продолжат да страдаат, да ги напуштиш и да нè напуштиш сите нас“, изјави Анат Ангрест, мајка на заложник.

„Нема да направиме компромис дури и ако не спиеме две години, ќе стоиме тука покрај вашиот прозорец додека не ги вратите“, изјави Вики Коен, мајка на заложникот.

Инцидентите осудени од полицијата-правото на протест не значи право на уништување. Нетанјаху ги обвини демонстрантите дека ги преминале црвените линии.

„Во демократијата, демонстрациите се легитимна работа. Но, она што се случува во финансираните, организирани, политички демонстрации против владата ги прекрши сите граници. Тие уништуваат имот, блокираат патишта, прават милиони граѓани несреќни. Секој ден се закануваат дека ќе ме убијат мене и моето семејство“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.