Кошарка
Митревски во новата сезона во дресот на Пелистер
04.09.2025 08:55
Митревски важи за еден од најперспективните домашни играчи во националното првенство.
Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е нов член на КК Пелистер. Митревски важи за еден од најперспективните домашни играчи во националното првенство.
Репрезентативниот бек своите квалитети ги покажа и во претквалификацискиот циклус за СП 2027 каде беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, со просек 10,3 поени; 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.
Митревски во досегашната кариера го носеше дресот на прволигашот Феникс, а во една сезона настапуваше и како „позајмен“ во ТФТ во Првата лига.
