Скопје

Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево денеска без струја

04.09.2025 08:56

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Чучер Сандево и Кисела Вода...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Чучер Сандево и Кисела Вода.

Од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Бањани и викендичките кон манастирот Св. Илија, Општина Чучер Сандево.

Од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улицата „Студеничанска“, Општина Кисела Вода.

Од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата „Малешевска“, Општина Кисела Вода.