Венецуела

Мадуро подготвен да се бори по нападот од САД

04.09.2025 09:50

Американскиот државен секретар во одбрана на потегот на Вашингтон...

Венецуела останува на нозе, обединета и подготвена да се бори за мир и суверенитет во земјата-изјави претседателот Мадуро по нападите на американската војска врз брод што превезувал дрога во Карибите.

„Денес, империјализмот започнува нов напад. Тоа не е ниту прв ниту последен, само уште еден напад. Но, Венецуела ќе продолжи да стои цврсто и со силна верба во победата и мирот“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Американскиот државен секретар во одбрана на потегот на Вашингтон.

„Ако сте на брод полн со кокаин или фентанил што се упатува кон САД, вие сте непосредна закана. И претседателот, како врховен командант, има право под итни околности да ја елиминира. Тоа е она што го направи вчера и има намера да го прави. Нема повеќе да седиме со скрстени раце“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.