Еурофарм Пелистер со трети Супер куп по драматична победа над Вардар
Клучниот момент дојде во последните секунди: Усама Хосни со својот десетти гол донесе победа за Еурофарм Пелистер (28:27), а судиите по видео-преглед потврдија регуларна игра.

Еурофарм Пелистер вчеравечер во Кавадарци го освои Супер купот, совладувајќи го Вардар со 28:27 во возбудлив натпревар со неизвесен финиш.
„Црвено-црните“ први се одлепија и поведоа со +4 (13:9), но битолчани намалија на 13:12 до полувремето. Во вториот дел шампионот поведе и стигна до највисоки +4 (26:22), но Вардар се врати со серија од 4-0 и израмни на 26:26.
Клучниот момент дојде во последните секунди: Усама Хосни со својот десетти гол донесе победа за Еурофарм Пелистер (28:27), а судиите по видео-преглед потврдија регуларна игра.
За шампионот ова е трет Супер куп-трофеј.
