Премиерот Никола Груевски во посета на Струга и Вевчани

24.08.2014 12:07

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе ги посети Струга и Вевчани.

Како што соопштуваат од кабинетот на премиерот, Груевски ќе оствари посета на изведување на градежни работи на новата спортска сала во општина Вевчани, а ќе го посети и реконструираното игралиште во село Октиси.

Согласно агендата премиерот во Струга ќе го посети реконструираното СОУ „Ибрахим Темо“, а ќе се сретне со децата од рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет“ Струга.

За крај на дневната работна агенда на премиерот е предвидена прошетка низ струшката чаршија.