Македонија
ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор
04.09.2025 09:04
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Под контрола е пожарот во Општина Гевгелија на планината Кожуф.
Изгаснати се пожарите на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од останатите, четири биле на територија на општина Гостивар, Кичево – три, а по два во Долнени, Липково и Старо Нагоричане.
