Португалија

Трагедија во Лисабон, најмалку 15 загинати откако трамвај излета од шини

04.09.2025 09:08

Меѓу жртвите има и странски државјани. Несреќата се случила на историската линија „Глорија“ која е позната туристичка атракција...

Најмалку 15 загинати и 20-ина повредени во главниот град на Португалија, Лисабон, откако трамвај излета од шини. Меѓу жртвите има и странски државјани. Несреќата се случила на историската линија „Глорија“ која е позната туристичка атракција.

Во момент на несреќата имало 43 патници. Спасувачките екипи интервенираа до доцна во ноќта. Првичните информации укажуваат на пукнат кабел, по што вагонот удрил во зграда.

Во Лисабон е прогласена тридневна жалост. Властите со сочувство до семејствата.