Правда

Нов обид за избор на судија за Стразбур

04.09.2025 12:20

По поништувањето на претходната листа на која беа судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски, Министерството за правда го објави огласот за избор на тројца кандидати за судија во Стразбур. Рокот за пријавување е еден месец…

По првиот неуспешен за избор на наследникот на Јован Илиевски, уште еден обид за избор на македонски судија во судот во Стразбур. Тројцата кандидати, овојпат ќе имаат рок за пријавување од 30, наместо 15 дена.

Една од новините во изборот е што за познавање на двата официјални јазика во Советот, ќе се бара меѓународен сертификат. Претседателот на Комисијата за избор, воедно претседател и на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, за МТВ вели дека за утврдување висок морален углед на кандидатот има дополнителен критериум.

Костадиновски уверува дека комисијата ќе заврши со изборот до јануарската сесија на Советот на Европа, кога треба да биде избран нашиот судија. Роковите сами ги поставиле, давајќи им доволно време и на кандидатите да обезбедат потребна документација.

По одлуката на советодавниот панел, комисијата може да ја одбие листата. На пример, на Полска била трипати, на Србија еднаш одбиена. Листите на Словачката Република годинава и на Кипар лани биле одбиени, по што се повторувале постапките.

Владата ја поништи претходната листа на која беа судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски.

Фиљана Кока