Скопје

Депонијата „Вардариште“ го загрозува здравјето на граѓаните

04.09.2025 13:34

Откако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина, а обвинителството отвори истрага, граѓани се жалат дека депонијата повторно чадела во текот на ноќта.

„Вардариште“ не им дава сон на жителите на Аеродром и Гази Баба. Откако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина, а обвинителството отвори истрага, граѓани се жалат дека депонијата повторно чадела во текот на ноќта. Лекари предупредуваат – токсичниот воздух е сериозен ризик по здравјето на населението.

 

Борис Грујоски известува од „Вардариште“.