Култура

Во Небрегово промовирана книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“

04.09.2025 17:39

Во годината на големиот јубилеј – 80 години од правописот и стандардниот македонски јазик во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово е промовирана книгата за најзначајните дела за македонскиот индивидуален интегритет-мајчиниот јазик. Но, треба многу поголемо внимание за јазикот да се користи во секојдневниот говор...

„Јазикот е нашата татковина“ говореше великанот Блаже Конески, а 80 години по донесувањето на правописот и азбуката, ова е дефиниција за македонскиот идентитет. Дваесетината трудови од истакнати стручњаци и јавни личности во книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“ промовирани во родната куќа на Конески е уште едно потсетување што е единствената татковина.

Добро е што го имаме Законот за лекторитер, но говорењето на македонски стандарден јазик во јавноста се должи на нивото на нашата свест.

Преку манифестацијата „Зборот на Конески“ Центарот ја продлабочува соработката со Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Елизабета Митреска