Чадот од „Вардариште“, ризик по здравјето на граѓаните
„Вардариште“ не им дава сон на жителите на Аеродром и Гази Баба. Откако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина, а обвинителството отвори истрага, граѓани се жалат дека депонијата повторно чадела во текот на ноќта. Лекари предупредуваат – токсичниот воздух е сериозен ризик по здравјето на населението…

Чад, лоша миризба, отровни честички. Повторно чади депонијата „Вардариште“, како потсетник дека нема решение за проблемот што со години го загрозува здравјето на граѓаните.
Лекарите алармираат, токсичниот воздух е сериозен ризик. Екоактивистите порачуваат, проблемот мора итно да се реши.
Дивата депонија не им дава мир на жителите на Аеродром и Гази Баба. Велат, особено ноќе, состојбата е неподнослива. Депонијата е огромна, отпадот секојдневно се трупа.
Полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина, а Обвинителството отвори истрага.
Борис Грујоски
