Економија

Економијата фаќа залет, БДП во вториот квартал порасна за 3,4%

04.09.2025 14:37

Премиерот Мицкоски посочи дека е ова четврти квартал по ред на раст на БДП од над три проценти и оти во исто време се објавени податоците за 28 земји, а Македонија го дели третото место со Хрватска.

Македонската економија фаќа залет. Бруто-домашниот производ во второто тримесечје порасна за 3,4% во однос на истиот период лани, пресмета Државниот завод за статистика.

Најголем пораст има кај градежништвото, трговијата, транспортот, објектите за сместување и сервисните дејности со храна, но и во рударството и преработувачката индустрија. Повеќе трошеле и домаќинствата.

Премиерот Мицкоски посочи дека е ова четврти квартал по ред на раст на БДП од над три проценти и оти во исто време се објавени податоците за 28 земји, а Македонија го дели третото место со Хрватска. Повисок раст од нас имаат Ирска и Кипар.

Мицкоски очекува до крајот на годинава да имаме и квартал со раст од над четири проценти.