Голем интересот кај кумановчани за отпис на долговите
И кумановскиот центар за социјални работи со полни раце работа. Голем е бројот на лицата кои поднесуваат документи за отпис на долговите по разни основи, задоволни што ќе се ослободат од товарот што им го наметнала сиромаштијата.

Исмет Исени од кумановското село Лопате, татко на честири деца и примател на социјална помош вели дека камен од плеќите ќе му падне кога ќе му бидат отпишани застарените долгови направени за електрична енергија.
„Се снаоѓаме некако, децата одат на училише користејќи бесплатен превоз и учебници. Еве сега ако ми ги отпишат и долговите ќе бидам многу благодарен на Владата“, вели Исмет од Куманово.
Мерката за еднократно отпишување на долговите ги опфаќа најранливите категории на граѓани. На оние кои ги исполнуваат условите ќе им бидат отпишани трошоци по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, кредтни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити како и за давачки за радио дифузна такса.
„Добра е мерката и треба да се отпишат долговите затоа што некои имаат да платат, а некои немаат ни за основни трошоци.“
„Имам платено сметки за струја за оваа година, но ми остана камата за претходни години, се надевам дека ќе ми ја поништат“, велат граѓаните кои ги поднесуваа барањата.
Документите за еднократен отпис на граѓаните ќе може да ги поднесуваат до 18-ти септември во Центрите за социјални работи.
„Луѓето активно се пријавуваат, голем е интерестот. Досега имаме примено над 400 барања, а истотака има и кои подигнаа формулари и ќе ги поднесат до крајот на рокот“, инофрмира Марина Младеновска, раководител на одделение за парични примања при Центар за социјални работи Куманово.
Заедно со главниот долг ќе се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари и извршители.Нотарите и извршителите во оваа мерка се вклучени со тоа што се откажуваат од наплата на наградата за нивниот труд.
„Ние немаме должници од оваа категорија , но тие имаат напревено долгови кон наши доверители како што се банките , топлификација ,ЕВН и ние донесуваме решение за спорведување врз основа на веродостојна исправа.Во таа смисла трошоците нам ги плаќа доворителот“, вели нотарот Маријан Коцевски.
Во проектот не се вклулчени трошоцоите за потрошена вода и комуналии, но голем дел од јавните претпријатија даваат субвенции за социјално загрозените граѓани.
„Со одлука на Советот од месец јуни 2012 година па до сега ги субвенционираме најзагрозените лица во Општината во висина од 900 денари месечно за потрошена вода“, вели Горан Стојковски, директор на Ј.П Водовод.
По истекот на рокот за пријавување комисја во Министертвото за труд и социјална политика ќе ги разгледува барањата и ќе ја објави листата на лицата кои ги исполнуваат условите за едонократно отпишување на долговите.
Габриела Димковиќ
