Здравство

Под лупа осум медицински досиеја за можни неправилности со кардиохируршки интервенции

04.09.2025 15:52

По наводите на д-р Сашко Кедев за правење лекарски интервенции без потреба за профит, осум медицински досиеја доставени до Интерната комисија која треба да ги истражи можните неправилности. Сите се една јавна здравствена установа. Побаран е и вонреден стручен надзор од Лекарската комора...

Иако сомнежот беше фрлен дека во приватното здравство се правеле кардиохируршки интервенции без основа, а за профит до Министерството за здравство не стигнале, претставки од пациенти.

Министерството за здравство побара и вонреден стручен надзор од Лекарската комора што треба да се спроведе наредните денови. 

15-те члена на Интерната комисија немаат рок до кога треба да ја завршат работата и не се знае дали ќе има и други досиеја, коишто ќе и бидат доставени на увид.

Нивната работа треба да им помогне на странските лекари да утврдат дали на маката на пациентите некој остварувал профит, како што обелодени кардиохирургот Сашко Кедев.

Според податоците на Фондот за здравство обемот на интервенции во приватните болници каде што се вршеле кардиохируршки интервенции, е многу поголем од бројот на операции во државната Кардиохирургија, каде што се вршеле две до три неделно, за разлика од приватните каде што се вршеле две до три дневно.

Наташа Јанчиќ - Менковски