Почна судењето

Припадници на „Беланоца-Барон“ на обвинителна клупа

04.09.2025 18:51

Главната расправа почна бавно оти сите обвинети бараа превод на албански јазик. Адвокатите сугерираа дека Обвинителството на незаконски начин обезбедило докази од следење и снимки во затворен простор, што беше побиено од обвинителката, цитирајќи домашни и странски судски процеси кога вакви снимки се прифатени како докази.

Почна судењето на девет обвинети од криминалната група Беланоца-Барон. Обвинети се за злосторничко здружување, осум убиства, трговија на дрога и оружје, закани и уцени и подметнување пожари кон сведоци и службени лица од затворот „Идризово“ и нивните семејства.

Се товарат за двојното убиство во „Шиша бар“ и Ханиоти, Грција на припадници на противничката криминална група „Дуќанџик“ од Грчец.

Главната расправа почна бавно оти сите обвинети бараа превод на албански јазик. Адвокатите сугерираа дека Обвинителството на незаконски начин обезбедило докази од следење и снимки во затворен простор, што беше побиено од обвинителката, цитирајќи домашни и странски судски процеси кога вакви снимки се прифатени како докази.

Обвинителството како докази презентираше и медиумски извештаи за криминалната група. Обвинетите реагираа на снимките и бараат да не се презентираат во судот, што беше одбиено.

Еден од обвинетите, Марку Гани ѝ се закани и на судијката во процесот, предупредувајќи ја да внимава што прави.

Судењето ќе продолжи на 12-ти септември со воведни зборови на одбраната.