Македонија поразена од Саудиска Арабија во последната проба пред Лихтенштајн

04.09.2025 19:37

Македонија поведе во 40. минута со феноменален гол на Александар Трајковски, но радоста траеше само пет минути – Ал Бураикин во 45-тата израмни на 1-1.

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Прага загуби со 1-2 од Саудиска Арабија во контролен натпревар, иако имаше водство по првото полувреме.

Македонија поведе во 40. минута со феноменален гол на Александар Трајковски, но радоста траеше само пет минути – Ал Бураикин во 45-тата израмни на 1-1.

Во вториот дел двете селекции имаа по една прилика, но решавачки беше погодокот на Ал Хамдан во 78. минута со прецизен волеј од далечина. До крајот „црвено-жолтите“ се обидоа да израмнат, но без успех.

Овој дуел беше генерална проба за избраниците на селекторот Благоја Милевски пред мундијалскиот квалификациски натпревар со Лихтенштајн. Средбата ќе се одигра во Скопје, на националната арена „Тодор Проевски“, во недела (7 септември) од 18 часот.

 

Фото: Фејсбук/ Фудбалска Репрезентација на Македонија