Пристигнаа првите барања за бесплатни елаборати за легализација на дивоградбите
Во велешкиот катастар пристигнуваат првите барања за изготвување бесплатен елаборат за легализација на дивоизградените објекти. Оваа мерка се однесува на социјално загрозените лица. Другите, според надлежните треба оваа постапка да ја завршат што поскоро за да го запазат предвидениот рок.

Легализацијата на дивоизградените објекти во Велес не се одвива споре предвидениот план. Од вкупно поднесени 7800 барања, околу половина се без елаборати. Токму тоа е причината службите да неможат да работат на изгоирвување на позитивни решенија. Геодетите откриваат, времето одминува а барања за изработка на елаборати скоро и да нема.
„Имаме доста предмети изработени кој што се готови предмети за легализација да се,однесат во Општината меѓутоа странките не ги зимаат, некаде околу 300 предмети се во мојата канцеларија“, рече Валентина Стојанова, овластен геодетски инжинер.
Законските промени во процесот на легализација оди во прилог на 358 семејства кои како корисници на социјална помош остваруваат право на бесплатни елаборати. Ова право го имаат и семејства чии годишен приход е помал од 168 илјади денари.
Во одделението за катастар во Велес веќе пристигнале првите барања за изработка на елаборати по новата владина мерка социјалните случаеви и семејствата со ниски примања да можат елаборатите да ги добиваат бесплатно.
Апликантите кои го искористуваат правото на бесплатен елаборат, што поскоро да поденсат барање во Одделението за катастар, ова е апел од локалната власт.
„Ние повторно со тие луѓе ќе разговараме. Овие 358 се недефинирани скрос до крај, но имаме една бројка дека тие се социјални случаеви“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Последниот ден од наредната година е крајниот рок за поднесување на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти. Целиот проецес е планирано да заврши две години потоа. 350 илјади граѓани поднеле апликации за легализација на дивоградби. Досега решенија и имотни листови за своите градби добиле околу 100 илјади, од нив 1600 се велешани.
Дијана Иванова
