Скопје
Нов протест против загадувањето од „Вардариште“
04.09.2025 19:51
Иако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина и кои завршија во 30-дневен притвор, а обвинителството отвори истрага, депонијата и денеска чадеше.

„Вардариште“ не им дава сон на жителите на Аеродром и Гази Баба. Иако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина и кои завршија во 30-дневен притвор, а обвинителството отвори истрага, депонијата и денеска чадеше. Попладнево нов протест. Граѓаните бараат решение.
Известува Миле Ристески
