Силите на Израел контролираат 40% од Газа
УНИЦЕФ со предупредување-заканата од глад се продлабочува, децата мора да бидат заштитени.

Израел продолжува со нападите во Газа. Палестинците известуваат за десетици жртви и повредени, додека израелската војска соопшти дека веќе контролира 40 насто од територијата на градот пред главната офанзива за негова окупација.
„Продолжуваме систематски да ја напаѓаме инфраструктурата на Хамас. Моментално, држиме 40% од површината на градот Газа. Операцијата ќе продолжи да се шири и интензивира во наредните денови“, рече Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.
УНИЦЕФ со предупредување-заканата од глад се продлабочува, децата мора да бидат заштитени.
„Незамисливото не се наѕира, туку веќе е тука. Ескалацијата е во тек. Илјадници ненахранети деца немаат повеќе од половина шанси да преживеат. Го повикуваме Израел да обезбеди заштита на децата, а Хамас да ги ослободи сите преостанати заложници“, вели Тес Инграм, менаџер за комуникации на УНИЦЕФ за Блискиот Исток.
Во истовреме, Хамас и Израел ги повторија своите спротивставени барања за прекин на борбите предизвикани од нападот на милитантната група на 7 октомври 2023 година.
