САД

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во „Министерство за војна“

05.09.2025 10:01

Наредбата ќе овозможи користење на нови титули во официјална комуникација и ќе бара законски мерки за трајна промена.

Трамп планира да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“-потврди Белата куќа.

Наредбата ќе овозможи користење на нови титули во официјална комуникација и ќе бара законски мерки за трајна промена.

Иако преименувањата на вакви институции се ретки и бараат одобрение од Конгресот, Трамп има поддршка од републиканското мнозинство.