Свет

Авганистан: Нов земјотрес од 6,2 степени, повици за помош

05.09.2025 11:16

Најпогодена беше провинцијата Кунар во која десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Југоисточен Авганистан повторно погоден од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени, по серијата потреси што следеа по разорниот земјотрес од 31 август во кој загинаа над 2.200 луѓе, а преку три ипол илјади беа повредени.

Најпогодена беше провинцијата Кунар во која десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

„Бевме во многу лоша состојба. Немавме каде да спиеме и немавме храна. Среќни сме што овие хуманитарни организации ни дадоа прва помош, но бараме од меѓународната заедница повеќе да помогне“, вели Бахадор Кан.

„Веќе не живееме тука, немаме ништо бидејќи земјотресот ни го уништи домот. Ни треба куќа за живеење“, изјави Џан Ага.

Хуманитарните организации предупредуваат на дополнителна опасност за населението поради критичен недостиг од храна, лекови и засолништа.