Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
По повод 8 Септември – Денот на независноста, собранискиот спикер, Африм Гаши организира прием во законодавниот дом. Претходно во Собранието свечено ќе биде доделена државната наградите „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот за 2025 година...

По повод 8 Септември – Денот на независноста, собранискиот спикер, Африм Гаши организира прием во законодавниот дом. Претходно во Собранието свечено ќе биде доделена државната наградите „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот за 2025 година.
Годинашниот добитник е Јошко Миленковски, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план.
Признанија за значајни спортски остварувања ќе добијат и Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници кои оставиле силен белег во македонскиот спорт.
