Собрание

Одложена седницата на Комисијата за надзор над тајните служби

05.09.2025 10:42

Седницата беше закажана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, а со неа требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. На дневен ред беа актуелните сомнежи за незаконско прислушување од страна на АНБ во периодот 2019- 2024 година.

Закажаната седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која требаше да се одржи денеска во 11 часот, е одложена без објаснување од собраниските служби.

Седницата беше закажана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, а со неа требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. На дневен ред беа актуелните сомнежи за незаконско прислушување од страна на АНБ во периодот 2019- 2024 година.

Пратеникот Љупчо Пренџов истакна дека целта на седницата е да се утврди датум за официјална посета на АНБ со цел директен увид во состојбите и темелна проверка на сите околности. Според него, јавноста е силно вознемирена, а сомнежите ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите.

Претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи од Европскиот фронт, одби да ја свика седница, наведувајќи дека сè додека не му биде издаден безбедносен сертификат, не може да присуствува на дискусија за класифицирани информации. Тој оцени дека ова е дискриминација и порача дека претседателот на Собранието има можност сам да свика седница.