Нацрт-амандманите на Уставот ќе се најдат пред собраниските комисии

24.08.2014 16:13

Седумте нацрт амандмани на Уставот и ребалансот на буџетот утре ќе се разгледуваат на собраниските комисии за уставни прашања и за финансирање и буџет, на првиот работен ден на законодавниот дом по летните одмори.

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски најави дека собранието, пак, за нив треба да се изјасни два дена подоцна, поточно во среда. Нацрт амандамните што ќе бидат изгласани потоа ќе одат на триесетдневна јавна дискусуија, по која владата повторно до собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешките од дискусијата.

Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.