Ракомет

Кој во трката за медал на светското

18.12.2013 12:41

Осумте ракометни репрезентации на светскиот шампионат во Србија денеска ќе се сведат на четири. Кој кого ќе елиминира, а себе ќе се смести во расплетот за медал?!

Први отвораат Унгарија-Бразил. Унгарките влегуваат со ниет на истото место во Белградската „Комбах арена“ да им се повтори среќата од пред 12 месеци кога на европското се закитија со бронза. Нема да биде лесно противникот, бразилките новата светска ракометна сила сонува за првото свое мудијалско 1/2 финале.

Во Белград вечерва на мегдан домашните миленички Србинките против светските и олимписки првенки Норвежанките. Србските ракометарки веќе направија подвиг за историја, прашање е дали се подготвени да направат и планетарно чудо. Се мачеа до 1/4 финалево, на сметка на норвежанките кој газеа се пред себе.

Нови Сад е вториот центар на одлука. Французинките, сребрените од Бразил се чини имаат најлесен противник, во оваа 8-ка се сметаат како аутсајдер, Полска, селекција која е на добар пат да го повтори најголемиот свој успех 5-то место постигнато 1973 година.

Данска и Германија влегуваат во костец. Еден против друг и двајца дански тренери, на матичната клупа Јан Питлик, од спротива на германската најмладиот меѓу селекторите 36 годишниот Хајне Јенсен. Германките во Србија прикажаа супер прогрес од пред две години кога беа 17-ти, што значи во најмала рака одат 10 места погоре, додека Данските ракометарки се со ниет на 1/2 финална реприза но, овој пат со медал завршница со што би го прекинале и 16 годишниот пост без освоено планетарно одличје.