МВР

Приведен возач од липковско, управувал возило под дејство на алкохол

05.09.2025 15:50

Вчера во 21.50 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(47) од село Слупчане...

Вчера во 21.50 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(47) од село Слупчане, липковско, информираат од МВР.

При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „нисан“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.59 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.