Локални избори

Партиите ги интензивираат активностите за откривање на кандидатите за градоначалници и советници

05.09.2025 15:25

Партиите забрзано се подготвуваат за локалните избори. ЗНАМ се заблагодари за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатите во Центар и во Куманово, Левица претстави неколку кандидати, новинарката Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Скопје...

Во пресрет на локалните избори, партиите ги интензивираат активностите за откривање на кандидатите за градоначалници и советници.

Во движењето „ЗНАМ“ задоволство по најавата од владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ за поддршка уште во првиот круг за нивните кандидати за градоначалници на Куманово и на Општина Центар.

Левица предложи кандидати за градоначалници во шест скопски општини. За главниот град, партијата сè уште нема донесено конечна одлука.

Советничката листа на СДСМ во Град Скопје ќе ја предводи новинарката Катерина Цаневска. Досега партијата во речиси 60 општини номинираше кандидати за градоначалници.

Адутите ги открија и од ВМРО-ДПМНЕ, откако неделава објавија имиња на уште 16 градоначалници.

 

Игор Панов