лекарска комора

Лекарската комора ги чека документите за стручниот надзор

05.09.2025 16:49

Лекарската комора од вторник ќе чека до нив да стигнат досиејата што ќе треба да ги разгледаат и да утврдат, дали без основа биле правени кардиолошки и кардиохируршки операции. Денеска Интерната комисија во здравство ќе почне со разгледување на осумте досиеја доставени од јавна здравствена установа …

Медицински досиеја и ангиографски филмови кај пациенти за кои сметаат дека има сомнеж за неоснована потреба од операција, доставиле лекари од државната кардиохирургија до Министерството за здравство. Тие им се ставаат на располагање на здравствените власти за презентирање на документацијата и посочуваат дека сите треба да работат според медицина базирана на докази.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека Интерната комисија почнала да работи.

„Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, којашто ќе биде основата за анализата не само на веќе доставените 8 случаи, туку на сите случаи кои ќе бидат доставени или утврдени од страна на интерната комисија.“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

И лекарската комора ќе го работи на случајот. Откако досиејата ќе поминат низ рацете на нивните колеги од Интерната комисија.

Тричлена комисија од Лекарската комора преку документи и вонреден инспекциски надзор ќе трага по вистината.

Интерната комисија, Лекарската комора, тимот на лекари од странство ќе треба да ја откријат вистината дали неосновано се правеле кардиолошки и кардиохируршки интервенции во приватното здравство.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски