Бизнис пред политика
Секој економски раст е успех – претседателот на Стопанската комора повикува на стимулирање на бизнисот за развој на Македонија. Азески предупредува: државата треба да се движи внимателно – грешките можат да донесат далекусежни последици …

Секој раст кој е повисок од претходната година е успех за државата и бизнисот вели претседателот на Стопанската комора. Според Азески, тоа треба да биде целта кон која треба да се движи државата, да го стимулира бизнисот кој ќе доведе до развој на Македонија. Стопанската комора е подготвена да ги поддржи сите иницијативи кои ќе придонесат за повисок БДП, вели Азески, кој бара политиката да биде во сенка на бизнисот.
„Ние сакаме да возиме слалом државата сака да оди полека затоа што грешките што ќе ги направи државата ќе имаат далекусежни последици. Секој на своето секој со својата одговорност кон една цел. Предност за бизнисот политика на политичарите“, изјави Бранко Азески
Стопанската комора со поддршка за македонско најдобро. Во кампањата која ќе трае неколку години се приклучува и кондиторската индустрија. Министерот Трипуновски задоволен од интересот.
Министерот за земјоделство уверува дека откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, со рекордно највисоки цени.
Викторија Милевска
