Македонија
Рашковски задржан на граница со поголема сума пари
05.09.2025 17:17
Драги Рашковски денеска бил задржан од македонската царина при влез во земјава од Бугарија. При претрес на неговото возило на преминот Ново село, кај него биле пронајдени 20 илјади евра...

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски денеска бил задржан од македонската царина при влез во земјава од Бугарија.
При претрес на неговото возило на преминот Ново село, кај него биле пронајдени 20 илјади евра, кеш пари за кои немал покритие, ниту биле пријавени. Кога цариниците го прашале што има во возилото, Рашковски пријавил само хартиени чаши, но е и парите.
Вишокот средства се конфискувани поради сторен девизен прекршок.
