Судири меѓу полицијата и демонстрантите на синоќешниот протест во Нови Сад
Жандармеријата со интервенција во која беше употребен и солзавец ги растера демонстрантите кои фрлаа со предмети кон нив. Најмалку 11 полицајци се повредени, а има повредени и меѓу демонстрантите...

Судири меѓу полицијата и демонстрантите на синоќешниот протест во Нови Сад. Жандармеријата со интервенција во која беше употребен и солзавец ги растера демонстрантите кои фрлаа со предмети кон нив. Најмалку 11 полицајци се повредени, а има повредени и меѓу демонстрантите.
Полициските сили влегоа и во ректоратот на еден од факултетите каде што престојуваа дел од студентите. Протестот беше организиран на иницијатива на студентите во блокадата, кои бараат избори и повлекување на полицијата од универзитетот, наведувајќи дека ја бранат автономијата на универзитетот.
Претседателот Вучиќ им честиташе на полициските сили за како што рече успешно спроведената акција и ги обвините демонстрантите дека се терористи кои сакаат да го соборат.
